Обработка на лични податоци

ИЗЈАВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА РАБОТНИЦИТЕ ОТСТАПЕНИ ЗА ПРИВРЕМЕНИ РАБОТИ КАЈ РАБОТОДАВАЧ КОРИСНИК


Почитувани работници отстапени за привремени работи кај работодавачи корисници, по пат на оваа Изјава за заштита на правата на работниците отстапени за привремени работи кај работодавачи корисници (во понтамошниот текст “Изјава”), Приватна агенција за вработување ДЕКРА АРБЕИТ МАКЕДОНИЈА Скопје, со седиште на ул.“Црвена Вода “ број 7/1 Скопје, со ЕМБС 6906311, Ви доставува информации во врска со начинот на кој ги обработуваме Вашите лични податоци и правата кои ги имате врз основа на Законот за заштита на личните податоци.

1. Лични податоци кои се обработуваат и начин на собирање


Отстапувањето на работници за вршење на привремени работи го вршиме врз основа на договор за отстапување на работници кој го склучуваме со работодавачот корисник. Во договорот, работодавачот корисник ги утврдува условите за засновање на работниот однос за работниците кои му се потребни, особено: работно место и видот на работите кои ќе ги врши отстапениот работник, местото во кое ќе се извршуваат работите, податоци за работно време, распоред на работно време, работни часови, број на работници кои се потребни на корисникот, потребните квалификации на работниците за извршување на работите, податоци за висина на основната плата и периодот за кој се бара отстапување на работникот.


Потоа, имајќи ги предвид барањата на работодавачите корисници, во процесот на регрутација обезбедуваме податоци за работниците кои ги отстапуваме и тоа: име и презиме, место на живеење, ЕМБГ и податоци во врска со потребните квалификации за засновање на работниот однос.

2. Цели и правен основ за обработка на личните податоци

Личните податоци ги обработуваме со цел доведување во врска и засновање на работен однос со работниците за потребите на работодавачите корисници, а врз основа на одредбите од Законот за приватните агенции за вработување и Законот за работите односи.

3. Корисници на личните податоци

Податоците ги доставуваме до УЈП, ФЗО, Фонд за ПИО, со цел исплата на плати и придонеси, и на други надлежни органи и институции доколку за истото постои законска обврска.

4. Рок на чување на податоците

Документацијата која содржи податоци на работниците како резултат на заснованиот работен однос ја чуваме во следните рокови:

• 45 години за пријави и одјави, договори за вработување, одлуки за престанок на работен однос, решенија за распоредување на работа;

• 2 години за документација за минат труд, годишни одмори, отсуства, боледувања и сл.

• 3 години за материјали и акти во врска со одговорноста на работниците (барања за покренување на постапка, решенија за формирање на комисии, покани, записници од сослушувања, изјави, извештаи за проценки, решенија за изрекување мерки и приговори)

• 1 година за преписки во врска со остварување на правата од работен однос.

Доколку не е заснован работен однос, а податоците биле собрани со цел обезбедување кандидати за отстапување на работници на работодавачи корисници, податоците ги бришеме.

5. Ваши права во врска со заштитата на личните податоци

ДКако работници чиишто податоци обработуваме, Вие ги уживате следните права согласно Законот за заштита на личните податоци:

Право на пристап

Согласно член 19 од Законот за заштита на личните податоци имате право да побарате информации за следното:

• целта на обработката;

• категории на лични податоци;

• корисници или категории на корисници на кои личните податоци биле или ќе бидат откриени;

• периодот за кој ќе бидат чувани личните податоци;

• постоењето на правото да побараат исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката на личните податоци, како и правото на приговор;

• постоењето на правото на поднесување на жалба до Агенцијата за заштита на личните податоци

• кога личните податоци не се собрани од Вас, секоја достапна информација за нивниот извор;

• постоењето на автоматизирано донесување одлуки, вклучително и профилирање

• информации за преносот на личните податоци во трета земја.

Право на исправка

Согласно член 20 од Законот за заштита на личните податоци имате право да добиете исправка или дополнување на своите лични податоци ако сметате дека податоците се неточни, непотполни или нeажурни.

Право на бришење

Согласно член 21 од Законот за заштита на личните податоци, имате право да побарате бришење на своите лични податоци ако е исполнет некој од следниве услови:

• личните податоци веќе не се потребни за целите за кои биле собрани или обработувани;

• сте ја повлекле согласноста на која се базира обработката и нема друга правна основа за обработката

• имате поднесено приговор на обработката согласно со членот 25 став (1) од законот, при што не постојат преовладувачки легитимни цели за обработката, или имат поднесено приговор на обработката согласно со членот 25 став (2) од законот;

• сметате дека обработката на личните податоци е незаконска;

• личните податоци треба да се избришат согласно правна обврска.

Право на ограничување на обработката

Согласно член 22 од Законот за заштита на личните податоци, имате право да ја ограничите обработката на своите лични податоци ако исполнет некој од следниве услови:

• ја оспорувате точноста на личните податоци, за период што ни овозможува да ја провериме точноста на податоците;

• сметате дека обработката е незаконска, но се противите на бришењето на личните податоци и наместо тоа барате ограничување на нивната употреба;

• сметате дека веќе не ни се потребни личните податоци за целите на обработката, но се потребни за утврдување, остварување или одбрана на правни барања;

• се противите на обработката согласно член 25 став 1 од законот, во очекување на проверка на тоа дали нашите легитимни основи преовладуваат.

Право на преносивост на податоците

Согласно член 24 од Законот за заштита на личните податоци, имате право да ги добиете своите лични податоци во структурирана, вообичаено користена и машински читлива форма, за целите на преносот на тие податоци до друг контролор, под одредени услови.

Право на приговор

Согласно член 25 од Законот за заштита на личните податоци, имате право да се противите на обработката, ако обработката на личните податоци се засновува на јавен интерес или легитимен интерес, која вклучува профилирање или автоматизирано донесување одлуки, или ако Вашите лични податоци се обработуваат за цели на директен маркетинг.

Право на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци

Ако сметате дека личните податоци не се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци.

Право на повлекување на согласност

Според Законот за заштита на личните податоци, доколку некоја обработка се извршува на основа на Ваша согласност, имате право да ја повлечете својата согласност за обработка на личните податоци во било кое време. Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката што се базира на согласноста пред нејзиното повлекување.

Остварување на Вашите права

Доколку сакате да остварите некое од правата во врска со своите лични податоци, можат да контактирате со нашиот офицер за заштита на податоци во било кој момент на е-маил адресата [email protected]. Со цел олеснување на процесот на остварување на Вашите права, соодветни обрасци се објавени на веб страницата кои можете да ги искористите.

БАРАЊЕ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

1. Барање-за-достава-на-информации-за-обработка-на-личните-податоци 2. Барање за дополнување, измена или бришење на информации за обработка на личните податоци 3. Барање за ограничување на обработката на личните податоци 4. Барање за преносливост на личните податоци 5. Приговор против обработката на личните податоци

Со почит,

ДЕКРА АРБЕИТ МАКЕДОНИЈА