
Секогаш бидете подготвени за сезонските скокови во побарувачката на работна сила.
Дознајте зошто толку многу реномирани компании во регионот ја одбираат ДЕКРА за селекција и обезбедување работници, од година во година.

Ние ги решаваме флексибилно, брзо и транспарентно секојдневните предизвици на нашите Клиенти за регрутација. Нашата беспрекорна координација, експертиза и долгогодишно искуство ни овозможуваат да најдеме вработени за било кој проект, период или вид на работа.
Зошто да вработувате преку ДЕКРА?

-
1.
Поедноставен и побрз начин да добиете квалификувани кандидати
На клиентите им нудиме неколку опции за обезбедување вработени (на пример, привремено вработување), давајќи им побрз и пофлексибилен начин на вработување.
-
2.
Начин да заштедите време и пари
ДЕКРА ги превзема сите административни, правни и финансиски обврски, штедејќи Ви време Вам и на Вашите вработени.
-
3.
Огромна база на кандидати
Можеме брзо да ги исполниме Вашите побарувања за вработени благодарение на големата разновидност на кандидати со различни профили и вештини, со кои располагаме.
-
4.
Искуство и воспоставени процеси
Како резултат на долгогодишната работа на агенцијата, имаме одлично дефинирани процеси, искуство во ангажирање локални и странски работници, канцеларии во Северна Македонија и присутност низ целиот регион.
Активни сме во Северна Македонија повеќе од 17 години и вработуваме повеќе од 1400 агенциски работници годишно.
Услуги за агенциска работа
-
Привремено вработување
Ние пронаоѓаме, селектираме и вработуваме работници за потребите на Вашата организација.
-
Регрутација и предизбор на кандидати
Ние го спроведуваме целиот процес на пронаоѓање и предизбор на кандидати за Вас.
-
Аутсорсинг
Наоѓаме надворешни консултанти кои со високи стандарди ги извршуваат активностите што Ви се потребни.
